1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов шеф на трупите на ИСАФ

Американскиот генерал Џозеф Данфорд ја презеде командата врз меѓународните сили во Авганистан, предводени од НАТО. Неговиот претходник, генерал Џон Ален, се прости по 18 месеци на таа функција.

Генералот на морнаричката пешадија Џозеф Данфорд денеска (10.02) ја презеде функцијата командант на Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) во Авганистан. Тој го наследува на функцијата генералот Џон Ален, кој ќе ги предводи обединетите воени сили на НАТО во Европа. Церемонијата на примопредавањето се одржала во силно обезбедуваниот главен штаб на ИСАФ трупите во Кабул. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, и покрај поканата, не присуствувал на свечената церемонија. Генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен го поздрави новиот командант на мисијата во Авганистан со посебно соопштение. Мисијата влегува во важна фаза, смета Расмусен:

„Во рок од неколку месеци авганистанските сили ќе је преземат одговорноста за безбедноста во земјата и ИСАФ своите главни напори од борба ќе ги пренасочи кон поддршка“, истакнува Расмусен.

Joseph Dunford neuer NATO Kommandant in Afghanistan

Од свечената церемонија во Кабул

Данфорд ќе го надгледува текот на повлекувањето од Авганистан на повеќе од 60 илјади американски војници. Данфорд претходно командуваше со трупите во Ирак во 2003 година.

Пред да замине од функцијата, генералот Ален во интервју за BBC изјави дека коалицијата е „на патот кон победата“.

Повлекување на странските сили од Авганистан траба да заврши до крајот на 2014 година. Во моментов, во земјата е стациониран мултинационален контингент на анти-терористичката коалиција, која е предводена од претставници на командата на американските оружени сили, како и контингент на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ), во чии рамки учествуваат и македонски војници, под команда на НАТО. Според плановите, до крајот на 2014 година, одговорноста за безбедноста во Авганистан ќе биде целосно предадена на авганистанските безбедносни сили, а припадниците на НАТО ќе бидат вклучени само во мисии за обука и асистенција, без учество во борбени операции.