1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов шеф на Тибетанците во егзил

По неговата победа на крајот од април, 43-годишниот Лобсанг Сангај вчера во индискиот град Дарамсала поднесе заклетва на функцијата - шеф на владата на Тибет во егзил.

default

Лобсанг Сангај и Далај Лама

Експертот за меѓународно право кој живее во САД освои најмногу гласови од Тибетанците кои живеат во егзил ширум светот. По церемонијата тој вчера истакна дека ќе се продолжи со ненасилната борба за слобода на неговата земја. Тој ќе го следи правецот што го одредува духовниот водач Далај Лама и ќе бара вистинска културна и религиозна слобода за Тибетанците во рамките на Кина, најави Сангај.

Промената е јасна и по изгледот

Самиот надворешен изглед на Лобсанг Сангај говори за промената. Имено, неговиот претходник беше монах, со избричена глава, повлечено однесување и промислени изјави. Лобсанг Сангај речиси секогаш носи костум, има 43 години, значи околу 30 години помалку од неговиот претходник, има една четиригодишна ќерка и предава право на реномираниот Универзитет Харвард во САД. Сангај никогаш не го доживеал Тибет, роден е во индискиот град Дарџилинг.

Premier der tibetischen Exilregierung Lobsang Sangay

Сангај има амбициозни цели

„Постарите правеа се‘ што можат и успеаја да го одржат во живот нашето движење. Сега ние треба да го продолжиме нивното дело и да ја преземеме одговорноста за да се исплати макотрпната работа на претходните генерации и најпосле да воспоставиме мир во Тибет“, вели Лобсанг Сангај.

Централни аспекти на неговата работа се образованието на младите Тибетанци, здравствената политика и хармонијата на тибетската заедница во егзил.

Лобсанг Сангај веќе има политичко искуство. Меѓу другото, тој беше претставник во Сенатот во Вашингтон за време на бунтот во Тибет во 2008 година, како лобист за правата на Тибетанците. Притоа тој организираше конференции со кинески научници, што се смета за негов придонес за дијалогот со Кина.

Автор: ЖА/дпа/Јирген Веберман /Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска