1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нов чекор кон независност на Косово или порака до СБ?

Нов чекор кон независност на Косово или порака до СБ – судејќи според изјавите на учесниците, нешто од ова треба да прозлезе од денешиот последен состанок во Виена од преговорите за иднината на Косово. На средбата која започна пред еден час се разгледува ревидираната верзија на предлог планот на специјалниот претставник на ОН, Марти Ахтисари. Делегациите ги предводат премиерите и претседателите на Косо

Марти Ахтисари го очекува тешка задача

Марти Ахтисари го очекува тешка задача

во и Србија. Тие и овојпат дојдоа со познатите дијаметрално спротивни ставови. Филип Славковиќ испрати извештај од Виена.

Се очекува состанокот да трае пет часа. Реми Дурло портпаролот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, изјави дека двете страни ќе имаат доволно време за да ги изнесат своите ставови и евентуално да се разгледаат одделни аспекти од ревидираната везрија на планот. Но, претставниците на двете страни имаат различни очекувања од денешната средба. Косовскиот премиер Агим Чеку изјави:

„Очекувам дека ќе бидеме уште еден чекор поблиску до независноста. Ќе кажам дека е тоа едниственото практично, праведно и функционално решение. Не вреди повеќе да дебатираме за тоа, барањата за одлагање на решението се навистина неаргументирани“.

Косовската страна го прифаќа предлогот на Ахтисари кој според нив ја отвора можноста за независност на Косово. Српската страна пак инсистира текстот да се измени за Косово да се дефинира како дел од Србија и веќе го отфрли предложениот план. Српскиот премиер Коштуница изјави дека останаа малку работи за кои може да се рзаговара:

„Ниту една слободна и демократска држава не би дозволила да и се доведе во прашање територијалниот интегритет. Тоа го прави и Србија. Ниту една слободна и демократска држава не би дозволила да и се одземе дел од територијата. И тоа е став којшто уште еднаш ќе го изнесеме. Може да разговараме за многу други работи, но за ова нема и не може да има дискусија. Тоа е целосно јасен став од кој нема да отстапиме. “

Шефот на српската дипломатија Вук Драшковиќ смета дека денешниот состанок ќе биде порака до Советот за безбедност каде треба да биде донесена конечната одлука. Ахтисари по денешните разговори до крајот на март треба на Советот за безбедност да им ја испрати конечната верзија на планот.