1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нов успех на германските јавачи

Бетина Хој

Бетина Хој

Уште еден златен медал за германските претставници на светското првенство во коњички спорт, што се одржува во Ахен. Во екипен повеќебој Бетина Хој, Франк Остхолт, Хинрих Ромајке и Ингрид Климке се првите на кои им успеа тоа досега во историјата на светските првенства. Зад нив останаа екипите на Велика Британија и на Австралија.„Пред две години рековме дека овде сакаме да дадеме како екипа да дадеме еден спортски одговор – и тоа денеска толку прекрасно ни успеа“ – рече Бетина Хој.

Во поединечна конкуренција победи 24-годишната Зара Филипс, внука на англиската кралица.