1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нов успех на германската фудбалска репрезентација

Во пријателски натпревар синоќа во Келн ја совлада Романија со 3 спрема 1. За тоа време повеќето европски селекции играа натпревари од квалификациите за наредното европско првенство

default

Лукас Подолски

Без повеќемина стандардни членови на селекцијата, Германија и’ го нанесе првиот пораз на Романија по серија од 14 успешни настапи. Романците на исполнетиот стадион во Келн поведоа уште во 3-тата минута преку одбранбениот играч Гојан. Германскиот тим дури во второто полувреме се разбуди и со головите на капитенот Шнајдер, на подоцна внесениот во игра Одонкор и на Подолски постигна целосен резултатски пресврт.

Голот беше круна на добрата игра на Подолски во второто полувреме – тој се чини по долгото отсуство поради повреда се враќа во старата форма. “Романците, мислам, беа 14 натпревари непоразени и моравме да ги победиме. Ако се земе предвид второто полувреме, а потоа и целиот натпревар, мислам дека победата е заслужена” – рече Лукас Подолски.

Квалификации за ЕП: пораз на Франција од Шкотска!

Македонија во квалификациите за наредното европско фудбалско првенство дома не успеа да постигне повеќе од нерешен резултат 1 спрема 1 против Естонија. Во дербито на Е-групата Англија ја совлада Руија со 3 спрема 0. Хрватска, по победата од 6 спрема 0 на гостувањето кај Андора води со 23 бодови, Англија има 20, Русија 18. Македонија е петта со 8 бодови.

Најголемо изненадување синоќа приреди Шкотска - како гостин ја совлада Франција со 1 спрема 0. Шкотите се на чело на Б-групата со 21 бод. Италија, која на гости ја совлада Украина со 2 спрема 1, е втора со 20, Франција има 19 бодови.

Во А-групата водечките играа меѓу себе, а дуелите не донесоа победник: Финска – Полска 0 спрема 0, Португалија – Србија 1 спрема 1. Полска има 21, Финска 19, Португалија 17, а Србија 16 бодови.

И дербито на Ц-групата заврши нерешено: Норвешка – Грција 2 спрема 2. Изненадување во оваа група синоќа приреди Молдавија, која како гостин ја совлада Бона и Херцеговина со 1 спрема 0. Грција на првото место има 19, Турција, која ја победи Унгарија со 3 спрема 0, е втора со 17, колку што има и третопласираната Норвешка.

Во Д-групата работите, се чини, се расчистија: Чешка ја совлада Ирска со 1 спрема 0 и сега има шест бодови повеќе од неа. Германија води со 22 бода и веќе со нерешен резултат на гости кај Ирска на 13-ти октомври ќе може и дефинитивно да го обезбеди учеството на наредното Европско првенство. Чешка има 20, Ирска 14 бодови.

Во Ф-групата Шпанија, по победата над Летонија со 2 спрема 0, ја стигна со бодови водечката Шведска, која овој пат паузира. Обете селекции имаат по 19 бодови. Северна Ирска загуби на гости од Исланд со 2 спрема 1 и остана на 16 бодови.

Фаворитот во Г-групата, Холандија, одвај се провлече на гостувањето во Албанија и со победата од 1 спрема 0 се изедначи со бодови со водечката Романија. Шансите да се квалификува за ЕП ги зачува и Бугарија со победата над Луксембург со 3 спрема 0, и сега заостанува 2 бода зад водечката двојка.

Наредните средби од квалификациите ќе се играат на 13-ти октомври.