Нов ултиматум за ослободување на Краузе | Вести | DW | 11.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нов ултиматум за ослободување на Краузе

*

Министерството за надворешни работи во Берлин соопшти дека последната објавена интернет видео снимка со германецот Синан Краузе кој е заложник на ирачки екстремисти е од постар датум. Веројатно станува збор за видео запис кој подолго време се наоѓал на интернет, изјави портпарол на министерството. Екстремистите во меѓувреме се заканија дека ќе го убијат 20 годишниот Краузе доколку најдоцна за десет денови германците не се повлечат од Авганистан. Командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Бруно Касдорф во меѓувреме побара испраќање на повеќе војници на теренот. Постојните 40.000 војници според него не се доволни за целосно одржување на безбедноста во земјата.