1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нов удар против салафистите

Германската полиција денеска спроведе рации против исламски екстремисти во покраините Хесен и Северна Рајна Вестфалија. Министерството за внатрешни работи забрани неколку салафистички здруженија.

Полицијата денеска изврши претреси во просториите на едно здружение и во становите на дваесетина лица во покраините Хесен и Северна Рајна Вестфалија, членови на салафистички групи. Запленети се лаптоп компјутери, мобилни телефони, податоци, пари во кеш и пропаганден материјал. Во акцијата учествувале 120 полициски службеници, а била спроведена во Франкфурт, Обезхаузен, Гладбек, Солинген и Вупертал. Целта не беше постапување против поединци, туку уништување на структурите на здруженијата, истакнуваат од министерството за внатрешни работи. Тоа ги обвинува групите, кај кои е извршен претрес, за одбивање на принципот на правна држава и за стремеж кон исламски поредок во согласност со шеријатското право и повик на насилство против припадниците на друга вера.

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Дридрих ги забрани здруженијата „ДаваФФМ“ и „Исламски аудиа“, како и „Ан-Хусрах“, дел од во 2012 година веќе забранетата група „Милату Ибрахим“.

„Салафизмот, онака како што го застапуваат денеска забранетите здруженија, е неспоив со нашиот слободарски демократски поредок“, изјави Фридрих. Според него, забраната служи и за заштита на преовладувачкиот број на умерени муслимани.

„Тие не смеат да страдаат од конфликтите плански поттикнувани од муслиманите“, истакна Фридрих.

Претседателот на Сојузната служба за заштита на уставот Ханс-Георг Маазен денешната акција ја оцени како „добар ден за безбедноста во Германија“. Минатите години опасноста од салафизмот во земјата е во пораст, нивниот број од 3.800 е зголемен на 4.500. Тие не се активни само во просториите за молитви и на интернет, туку се‘ почесто и со насилни акции на улиците.