1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов удар против исламистите во Египет

Египетската армија продолжува да презема мерки против исламистите, кои во некои места ја имаа преземено власта. Силите за безбедност навлегоа во едно предградие на Каиро. Во понеделникот беше спроведена слична акција.

Во Кердаса, предградие на Каиро, утрово армијата и полицијата спроведоа операции против вооружени екстремисти. Државната телевизија и новинската агенција Мена информираат дека дошло до престрелка. Бил убиен најмалку еден полицаец.

Полициската станица во Кердаса беше напуштена на 14. август, откако беше гранатирана и запалена. Во борбите, според државни потадоци, тогаш загинаа 13 луѓе. Сега силите за безбедност трагаат по сторителите.

Рација и во Делга

Во понеделникот (16.09.) војниците на египетската армија навлегоа и во од исламистите контролираниот град Делга (на насловната фотографија), во централниот дел на Египет. Приврзаниците на соборениот исламистички претседател Мохамед Мурси го заземаа градот пред еден месец. Исто така и тука радикалните исламисти ја уништија полициската станица како и христијански цркви.

Египетската војска на 3. јули го симна од власт дотогашниот претседател Мохамед Мурси. Неговите приврзаници со недели потоа демонстрираа залагајќи се за повторно враќање на Мурси. На 14. август силите за безбедност расчистија два протестни кампови во Каиро. При оваа акција и во наредните денови животот го загубија стотици луѓе.

Египетските власти денеска го запреа движењето на голем број од линиите во метрото во Каиро, откако на шините во близина на една од станиците беа пронајдени две бомби. Бомбите пронајдени во близина на станицата во јужниот дел од градот не експлодирале. Метрото во Каиро секој ден го користат околу три милиони патници.