1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов удар за руската вселенска програма

При нова голема грешка на вселенската програма, Русија загуби ракета со три сателити за еден навигациски систем. Ракетата носач се урна кратко по стартот од космодромот во Бајконур во Казахстан.

Беспилотна руска ракета носач со три навигациски сателити се урна кратко откако полета од космодромот во Бајконур и експлодираше. На преносот во живо од страна на руските вселенски власти, Роскосмос, можеше да се види дека ракетата Протон-М со сателитите се отстрани од предвидената пакета уште при самиот старт, се вртеше околу сопствената оска и неколку секудни подоцна експлодираше (на насловната фотографија). На небото потоа можеше да се види само огнена топка. Според првичните сознанија проблемот се појавил во погонскиот систем на ракетата. Се проценува дека е настаната штета од околу 200 милиони долари (приближно 153 милиони евра).

Нема повредени

При инцидентот нема повредени, ниту беа направени дополнителни штети, меѓутоа истече висок-токсичното гориво хептил, соопштија казахстанските вселенски власти, Каскосмос. Еден дел од работниците во Бајконур поради тоа морале да го напуштат објектот, информира руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на извор од космодромот. Над местото каде се урна ракетата, според изворот се формирал „отровен облак“.

Руската вселенска програма во последните години имаше редица на неуспешни обиди. Во декември 2010 година во Пацификот се урнаа три сателити, кои беа лансирани во вселената со патриот ракета. Потоа беа загубени исто така и други сателити. Најверојатно како последица на серијата неуспешни потези рускиот претседател Владимир Путин во септември 2012 година го отпушти шефот на Космичкиот истражувачки ценатар Хруничев, Владимир Несторов.