1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов удар за Ал Каеда

Фазул Абдула Мохамед се сметаше за најбараниот терорист во Африка и шеф на огранокот на теористичката мрежа Ал Каеда во Источна Африка. Убиството на Сомалиецот САД го оценуваат како значаен удар врз терористичката мрежа.

default

Фазул Абдула Мохамед

Советникот за безбедност на американскиот претседател Барак Обама, Џон Бренон оцени дека смртта на осомничениот терорирст Фазул Абдула Мохамед, е нов удар за терористичката мрежа Ал Каеда. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон исто така смета дека ова е силен удар за Ал Каеда како и нејзините сојузници, терористички групации и нивните акции во Источна Африка. „Тоа е праведен крај за еден терорист, кој уби голем број невини лица и нанесе голема болка“, изјави Клинтон, во Танзанија.

Anschlag auf Botschaft der USA in Nairobi Kenia 1998

Абдула бил соодговорен за нападот врз американската амбсада во Наироби во 1998 година

Фазул Абдула Мохамед стоеше високо на листата на најбарани терористи на американската тајна служба ФБИ. Се претпоставува дека тој раководел со планирањето на акциите за нападите врз американските амбасади во Наироби и Даресалам, кога во 1998 година животот го загубија 224 луѓе.

Фазул Абдула Мохамед најверојатно е убиен пред повеќе денови. Минатиот вторник сомалиските безбедносни служби при контрола пронашле пиштол во едно возило по што дошло до престрелка во која бил убиен и Фазул Абдула Мохамед. Неговиот идентитет меѓутоа беше откриен подоцна, откако Абдула Мохамед веќе бил погребан. Откако властите добиле информации, била извршена ДНК анализа, која го потврдила идентитетот на Фазул Абдула Мохамед. За него САД имаа распишано награда од пет милиони долари.

Автор: Рудигер Паулерт/ АТ/ дв

Редактор: Симе Недевски