1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нов третман на „Егејското прашање“

Здруженијата на Македонците од Егејска Македонија се охрабрени од последните извештаи за постоење на македонско малцинство во Грција. Тие се надеваат дека за една до две години ќе им бидат вратени одземените права.

default

Дали со грчко-македонските преговори за името ќе се решат и проблемите на Македонците од Егејскиот дел на Македонија?

Се менува односот кон егејското прашање во меѓународната заедница. Шеесет години по егзодусот, активностите преземени во последниот период почнаа да ја менуваат сликата за децата бегалци и тоа е за поздравување, оценуваат Здруженијата на Македонците од Егејска Македонија. Тие се охрабрени од најновите меѓународни извештаи за постоење на македонско малцинство во Грција, а особено од извештајот на независниот експерт на Обединетите Нации за малцински прашања, Геј Мекдугал.

Георги Ајановски од Здружението на деца бегалци смета дека најголеми заслуги за напредокот во битката за човекови права имаат македонските здруженија во Грција кои бараат културна автономија. Според него, значајно во последниот извештај на ОН, е фактот што тој е изработен врз основа на непосредни контакти преку кои е согледано дека во северниот дел на Грција живеат Македонци.

„Со поддршка на владата и резолуцијата од Собранието остваривме се што можевме во нашата држава, сега на ред е Европа,“ вели Ѓорѓи Доневски. Тој е убеден дека за една до две години ќе им бидат вратени нивните права: „И во однос на признавање на малцинството и во однос на тоа што ни е одземено. А одземен ни е имотот и правото на државјанство во државата во која сме се родиле,“ рече Доневски.

Одбележување на 60 г. од Граѓанската војна во Грција

На крајот на месецов со поддршка на Министерството за култура почнува реализација на Програмата за одбележување на 60-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна во Грција. Одбележувањето ќе почне на 31 март, денот на почетокот на војната, со собир на кој ќе се зборува за причините за почнување на војната. При крајот на годинава ќе се одржи собир на кој ќе се зборува за последиците од неа.

Целта на програмата е да и се покажат факти на светската јавност што се случувало во Егејскиот дел на Македонија во периодот од 31 март 1946 до почетокот на септември 1949 година, кога заврши војната. Според програмата, предвидено е изградба на спомен парк во Катланово на борците и жртвите од Егејска Македонија, поставување биста во паркот „Жена борец“ посветен на македонските жени борци во Демократската армија на Грција, организирање подвижна изложба на фотографии и снимање документарен филм посветен на граѓанската војна.