1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нов тренд - спортски табурет

Би можело да се каже дека е тоа нормален табурет - интересен дизајн, едноставна форма. Но, има луѓе кои со него прават сосема други работи. Тој се нарекува спортски табурет, германски изум е и станува тренд во светот.

„Слајд..., Фриз..., Боксшпрунг, Хендрол - комбинација ...', со табуретот може да се прави повеќе, отколку само да се седи на него.

Повеќе илјади ентузијасти околу пет години вежбаат со табуретите и на тој начин создадоа нов спорт. Тие се среќаваат насекаде во светот и вежбаат заедно, како овде во Берлин. Тие ги учат веќе познатите трикови или измислуваат нови.

17 годишниот Алекс Каниц истакнува: „Прво мислев дека тоа помалку е смешно, како тие таму жонглираат со табурети, но потоа ми стана многу забавно и останувам на тоа, оти едноставно има многу трикови“.

„Луѓето, кои го прават ова се многу отворени, љубопитни, тоа секогаш се многу интересни луѓе“, вели и 32 годишниот Рене Кацорке.

„Кога вежбам со табуретот, тогаш сите гледаат и прашуваат: Што е тоа? Потоа си шепотат и јас можам по нешто да им раскажам за тоа. Тоа е нешто посебно“, истакнува 14 годишната Зое Вилке.

Да се изведуваат уметнички дела со табурет - тоа всушнот доаѓа од циркус. Вежбањето со спортски табурет натамошно ја развива оваа естетика и користи модерни брејкденс-елементи.

Михаел и Штефан Ландшиц се пионерите на спортскиот табурет. Тие освоија натпревари и поставија светски рекорди. Но, пред се' го измислија овој спортски реквизит.

Дизајнерите во 2007 година го развија отпорниот табурет, кој е погоден и за вратоломни уметнички точки.

Освен тоа тие измислија и модерен изглед. Еден ваков спортски табурет чини меѓу 90 и 160 евра.

Нивната идеја, од еден пластичен табурет да развијат издржлив спортски реквизит, беше повеќепати наградувана. Штефан Ландшиц основач на фирмата „SALZIG Sporthocker" подвлекува: „Реквизитот е многу, многу стабилен. Ова овде не, тоа веднаш ќе се скрши, тоа е кршлива пластка, и тоа е релативно лесна пластика. Овој нема да се скрши. Кон ова, овој тешко може да се фати, додека овој другиот легнува на рака. Него можам да го подигнам на прст, но овој не. Можам на него да скокам, можам со него да правам се' - да стојам на раце, се' што сакам и нема да се скрши.“

Sporthocker

Спортскиот табурет е во тренд

Од неодамна двајцата браќа организираат турнири со спортски табурети. Тие патуваат низ Европа и тренираат во различни метрополи - како овде во Рим. Така нивниот спорт прераснува во улична уметност. Притоа тие се снимаат и нивните вештини ги објавуваат на интернет.

„Секој град се разбира е поинаков, Рим не е Мадрид и Мадрид не е како Лондон. И така секој град има сопствена харизма. Новите места имаат поинакви степени, други блокови, други висини. Тоа инспирира за нови трикови. И тоа е супер притоа. Во принцип насекаде може да се спортува со табуретот, но со инспирацијата спортот се развива многу брзо“, вели Ландшиц.

На „Ју“, европскиот најголем саем за млади во Берлин, Штефан и Михаел Ландшиц веќе го претставија спортскиот табурет, за уште повеќе да го популаризираат. За две минути да се научат првите трикови - не е толку едноставно. За оние кои не се извежбани тоа е навистина климава работа.

„Мислам дека навистина изгледаат кул, мене ме интересира што прават. Тоа навистина изгледа супер, затоа радо би го правила тоа. Но, исто така мислам дека e доста тешко“.

„Тоа е навистина тешко да се одржува рамнотежа на него“

„Тоа е нешто ново. Новиот спорт е забавен“.

„Ова е прилично забавно, тоа е предизвик, еден таков трик одново да се научи“.

Кај овој спорт не се работи за тоа се’ да се владее перфектно.

Да се вежба спортски табурет значи, да се среќаваш со луѓе, да ги развиваш натамошно триковите и да го откриеш јавниот простор.