1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нов тежок атентат во Ирак

Во еден од најтешките атентати од влегувањето на американската армија во Ирак, вчера на север од земјата, во близината на градот Мосул, загинаа најмалку 175 лица, повеќе од 200 се повредени.

default

Нема крај на бомбашките напади

Според информациите на ирачките власти, нападите се случиле во селата Ел Катанијах и Ел Аднанијах во близината на Мосул. Притоа, атентаторите самоубијци, кренале во воздух и една цистерна за нафта. Според последните извештаи, во нападите загинале најмалку 175 лица, преку 200 се повредени. Ова е еден од најтешките атентати од влегувањето на американската армија во Ирак во 2003 година. Поголем број жртви имаше само при нападот во Садр Сити во 2006 година кога загинаа 202 лица. Нападите биле насочени против традиционалната Јасиди - секта кон која припаѓаат околу половина милион луѓе и зборуваат курдски јазик. Нивната вера е постара од исламот и ги почитуваат Господ и пророците од Библијата и од Коранот. Нивните молитиви меѓутоа, се упатени кон светецот Мелек Таус, кој во другите религии е познат како Луцифер или Сатана, па оттаму и недорабирањето дека припадниците на оваа секта се молители на ѓаволот.

„Ги осудуваме овие варварски напади врз недолжни цивили„, изјави портпарлката на американскиот претседател Џорџ Буш, Дана Перино. Со атентатите, екстремистите покажуваат дека се подготвени на се за да го спречат развојот на Ирак во стабилна и безбедна земја„, изјави Перино.