1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нов случај на шап и лигавка во Велика Британија

*

На југот на Англија постои сомневање за нов случај на шап и лигавка. Според ветеринарните служби, фармата се наоѓа во близина на поседот каде првпат се појави вирусот. Превентивно се убиени повеќе од 50 животни. Комисијата на Европската унија воведе забрана за извоз на животни, млеко и месни производи од Велика Британија. Во моментов нема знаци заразата да е пренесена во Германија, но ситуацијата мора да се следи. Се претпоставува дека вирусот во Велика Британија бил пренесен од две медицински лабаратории.