1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нов случај на повеќекратно чедоморство

Возбудување во германската јавност: повторно се откриени трупови на мртви бебиња - овој пат три, и повторно мајката е сторител, според сопствено признание.

default

Место на одигрување на семејната драма: Венден, село кај Олпе

Зад фасадата на свет семеен живот повторно драма, која сосем случајно изби на виделина, многу години подоцна од времето во кое се случил првиот чин. Родителите од едно семејство од покраината Северна Рајна Вестфалија отишле на викенд-патување. Нивниот 18-годишен син, барајќи замрзната пица во сандакот за длабоко смрзнување, ги открил труповите на бебињата. По враќањето на родителите, нивните три возрасни деца побарале одговор од нив, и потоа заеднички отишле во полиција, каде мајката се пријавила самата себе си како сторител.

Според весникот во кој бил завиткан еден од бебешките трупови, настаните се одигрувале пред 20-ина години. Најверојатно е дека не станува збор за тројка, туку за три одвоени породувања. „Обдукцијата треба да даде одговор како настапила смрта, дали биле убиени или починале на друг начин“ - вели Херберт Фингерхут од полицијата во Хаген. Соседите го опишуваат семејството како добро интегрирано - 24 години тоа водело неупадлив живот во истата куќа.


►◄