1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нов скандал со измачување

Армијата поведе истрага околу видео снимката на која, според пишувањето на неделникот “News of the world“ се прикажани брутални измачувања на Ирачани од страна на британски војници.

Британски војници во Басра

Британски војници во Басра

Британски војници со палки тепаат ирачки младинци на маргините на едни демонстрации, не ги слушаат врескањата од болка на жртвите кои лежат на подот. Кон тоа уште и коментарите на анонимниот камерман:

“О, да. О, да. Сега ќе добие. Да. Лоши мали момчиња.“

Сето тоа би требало да е случено пред две години. Нејасно е како приватната видео снимка стигнала во рацете на весникот “News of the world“. Тоа е револверски весник од најлоша сорта. Но, се говори во прилог на тоа дека видео снимката е автентична. Анонимен подофицер ја снимил “од забава“.

Министерството за одбрана сериозно гледа на проблемот. Воената полиција веќе почна со истрага, соопшти портпаролот на армијата, Мартин Ратлеџ:

“Снимките претставуваат сериозно обвинување. Нашата исрага почна и ние ќе постапиме најстрого што е можно кон оние припадници на армијата кои евентуално сториле криминални дејства.“

Ова не е првпат британската армија во Ирак да е во центарот на обвинувања. Онаа армија која досега беше горда на тоа дека постапува попрофесионално и подисциплинирано од американските сили. Властите во последните две години мораа да постапат по 189 обвинувања за злоупотреба. Во четири случаи дојде до пресуда.

На владата во Лондон и е јасно дека новите снимки за измачување доаѓаат во многу неповолен момент. Тие се масло на огнот во и онака вжештениот арапски свет поради карикатурите на Мухамед. Премиерот Тони Блер, најави опсежна истрага:

“Сериозно ги сфаќаме сите обвинувања за злоупотреба и тие ќе бидат предмет на многу детална истрага. Но, сакам да кажам дека огромното мнозинство на британските војници во Ирак и во други делови на светот се однесуваат прописно, вршат огромна работа за нашата земја и за светот. “

Поврзана содржина