1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов силен земјотрес во Јапонија, издадена тревога од цунами

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточниот дел на Јапонија, кој го преживеа катастрофалниот земјотрес од 11 март. Се стравува од цунами бранови високи еден метар.

default

Североисточното и источното крајбрежје на Јапонија повторно беше потресено од силен земјотрес. Јапонската метеоролошка агенција издаде и тревога од цунами бранови високи најмалку еден метар. Епицентарот се наоѓал под морското дно на земјотресот на 35 километри од брегот на префектурата Мијаги, која беше тешко погодена од катастрофалниот потрес на 11 март. Јапонската телевизија ХНК ги повика луѓето во областите за кои важи предупредувањето од цунами да се искачат на повисоки места. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Токио. Компанијата Тепко која управува со хаварисаната нуклеарка Фукушима 1 соопшти дека ја испитува ситуацијата во централата по денешниот силен потрес.

Автор:СН/ТТ/ртр/ап/дпа

Редактор: Симе Недевски