1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Нов свет, нов капитализам“

Симпозиумот, што француската влада го организира под овој наслов во Воената школа во Париз, имаше за цел да најде одговор за финансиската криза што го потресе светот.

default

Канцеларката Меркел дава свој придонес за реформата на меѓународниот економски систем

Идејата на симпозиумот „Нов свет, нов капитализам“ беше дека е потребно да се искористи кризата за да се изменат правилата на финансискиот капитализам. Сите угледни говорници, како Ангела Меркел, Тони Блер или Никола Саркози, дадоа слична оцена. „Треба да се гледа на кризата не како на можност за назадување во нашите политики и дејствувања, туку како можност за обнова и отворање на ново поглавје за напредок на човештвото и подобра иднина за сите“, ја резимира главната мисла поранешниот британскиот премиер, Тони Блер.

На глобализацијата и’ требаат вредности за да функционира, ако сакаме да го зачуваме нашиот економски свет отворен и да не паднеме во лесен протекционизам. Според Блер, потребна е поголема праведност и целиот систем треба да биде втемелен врз спротивни вредности од тие на максимален профит на краткорочен план.

Анализата е иста, но не и предложените решенија

Ангела Меркел се заложи за создавање на меѓународен економски совет во рамките на ООН, со цел да се придонесе за промената на правилата на светскиот капитализам. За германската канцеларка, ниту една земја, па дури ни САД не можат да дејствуваат сами.

Großbritannien Machtwechsel Tony Blair Gordon Brown

Остана уважен политичар и по заминувањето од премиерската функција: Тони Блер

„Ни требаат нови правила за пазарите, но тоа нема да биде доволно“, оцени Меркел, која притоа се заложи за нова „меѓународна архитектура“ приспособена на 21 век. Таа изрази жалење поради фактот што пред избивањето на финансиската криза била направена „позајмица од иднината, без притоа да се произведе реална вредност“. Затоа, според германската канцеларка, „потребна е политичка волја за да се охрабрат финансиските пазари да не преземаат премногу ризици“. Со други зборови, треба да се живее колку што допушта буџетот. Таа побара да не се повторуваат грешките од минатото, предупредувајќи на недостатокот на правила за hedge-фондовите, исто како и за решавање на светската нерамнотежа, како американскиот дефицит и кинеските резерви.

Засилена улога на државата

Никола Саркози побара поголема улога на државата во регулацијата на пазарот, според него „чисто финансискиот капитализам е неодговорен и неморален систем, но кризата на финансискиот капитализам не е криза на капитализмот“.

Nicolas Sarkozy, französischer Wirtschafts- und Finanzminister

Посакува водечка улога во реформата на капиталистичкиот систем: Никола Саркози

За францускиот претседател не може да има само некој наметнат економски модел (критика испратена на сметка на САД). Кризата на капитализмот не повикува на негово уништување, туку на негова морализација. Исто како и Меркел, Саркози се заложи за негово преуредување, а не укинување.

Како реагираат САД?

Прашани дали имаат сигнали од Вашингтон за нивните идеи за „социјална пазарна економија“, германската канцеларка одговори: „Се разбира. Покрај контактите што ги имавме со новоизбраниот претседател Барак Обама, немавме детален работен состанок. Но, Европејците немаат потреба да чекаат за да ги развијат сопствените идеи. Тие сигурно нема да останат без одглас“. Според Меркел, важно е да ЕУ има заедничка позиција, по што на САД ќе им биде полесно да најдат заеднички пат со Европа. Можните нови правила на светскиот финасиски систем ќе бидат познати во април на Самитот на Г20 во Лондон во присуство на Барак Обама.