1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нов самоубиствен напад во Кабул

*

Во самоубиствен напад во авганистанскиот главен град Кабул, според наводи на полицијата, се убиени најмалку 12 лица, меѓу кои има и деца и неколкумина полицајци. Атентаторот се кренал во воздух во еден автобус во кој голем број полицајци се возеле кон центарот на Кабул. Експлозијата се случила наутро, кога луѓето одат кон работните места. Ова е втор самоубиствен напад во Кабул за четири дена. Во саботата еден атентатор во смрт однесе 28 војници и двајца цивили. Одговорноста за нападот ја презедоа радикално-исламистичките Талибанци.