1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нов самоубиствен напад во Ерусалим

Палестински полицаец самоубиец денеска во смрт со себе однесе најмалку уште десет животи,нападот се случи во центарот на Ерусалим во близина на резиденцијата на израелскиот премиер Ариел Шарон,кој во моментот не бил таму.


Радикалната исламска група Ал Акса бригадите ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен напад во Ерусалим.Оруженото крило на движењето Фатах на палестинскиот претседател Јасер Арафат ова го соопштило денеска во телефонско јавување на нејзин претставник до агенцијата Франс Прес.Атентаторот е 24 палестински полицаец-Али Мунир Јузеф Џихара од бегалскиот логор во близина на Витлеем.Тој инаку бил внук на еден од 13 Палестинци,кои по повеќенеделната опсада на црквата на христовото раѓање беа префрлени во земји од ЕУ. Атентаторот го активирал експлозивот на себе во задниот дел од автобусот во центарот на Ерусалим,кој со тоа бил целосно уништен,а делови од тела лежеле во радиус од 15 метри наоколу,тврдат сведоци. Ова е освета за вчерашното убиство на осуммина Палестинци од страна на израелската армија,изјавил тој на тонска лента пред да го изврши атентатот. Палестинската влада го осуди нападот.Премиерот Кореи изрази жалење и повика на продолжување на мировните преговори.

Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат акцентот при осудата на вакви инциденти кои во смрт носат цивили ,сеедно од чија страна се,сепак го стави на ѓаволскиот круг:

-Сега е сосема очигледно,куршумите предизвикуваат куршуми,насилството раѓа насилство.Мислам дека не можеме да обезбедиме безбедност и мир за Израелците и Палестинците низ повеќе насилство,преку бомбаши,доселенички населби и sидови.Овој круг не води никаде.Единствен пат е повторно започнување мировни преговори.

Но,Доре Голд,еден од советниците на израелскиот премиер Ариел Шарон,пренесувајќи ги острите зборови на осуда изјави:

-Господин Ерекат има интерес ова да го презентира како круг на насилство,но не е така.Јасни се напорите на Палестинците минативе недели да извршат серија напади врз Израел.Само ангажирањето на израелската армија може да ги запре овие напади.Тие се непрекинати. Портпаролот на Шарон Ранан Гисин кон ова уште додаде дека сега секому треба да биде јасно зошто Израел го гради заштитниот sид. Израелската влада истовремено го откажа планираниот состанок со палестински претставници и американски посредници.

Додека официјалните палестински претставници го осудија самоубиствениот напад,дел од Палестинците пак позитивно го оценија.Претставникот на Хамас Абдел Азис Рантиси смета дека е важно да продолжува востанието против Израелците.Слично се изјасни и претставник на организацијата исламски Џихад. Инаку,денешниот напад предизвика реакции и во светската јавност.Него го осуди генералниот секретар на ЕП Валтер Швимер,како и германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер.