1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нов рок за преговори за Косово

*

Во спорот со Русија околу иднината на Косово,САД и европските држави поставија нов преговарачпки рок од четири месеци меѓу Србија и косовските Албанци.Ако и тие преговори останат без резултат,за српската покраина автоматски би стапила во сила спорната независност под надзор на меѓународната заедница.

Ова синоќа во Њујорк го соопштија американски владини претставници и други западни дипломати во ОН.Основата на независноста е планот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари.

Со новиот потег се цели пред се на подготвеност за компромис од страна на Русија,која најави вето доколку во Советот биде поставена на гласање Резолуцијата за независност на Косово.