1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов референдум за Устав во Египет

Жителите на Египет повторно се повикани да дадат согласност за нов Устав. Тие денеска и утре гласаат на референдум.

Половина година по политичкиот пресврт во Каиро Египќаните гласаат за нов Устав во земјата. Преодната влада и војската се залагаат за прифаќање на преработената верзија на стариот Устав, кој беше во знакот на исламистичкото Муслиманско братство.

Новиот предлог Устав содржи повеќе права за граѓаните. Но, критичарите забележуваат дека тој е помалку во знакот на изградба на демократска и модерна држава, а многу повеќе служел за зајакнување на моќната позиција на армијата и нејзиното влијание врз политиката.

Приврзаниците на поранешниот претседател Мохамед Мурси, кој минатата година беше соборен од власт, повикаа на бојкот на референдумот.

Речиси 53 милиони Египќани денеска и утре можат да се изјаснат за нов Устав за земјата. Текстот на Уставот беше изработен од претставнции на владата и личности од јавниот живот во Египет.

Ова е трет референдум за нов Устав во Египет по соборувањето на долгогодишниот претседател Хосни Мубарак пред три години.