1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нов раст на бројот на баратели на азил од Македонија

Во август годинава повторно се зголемил бројот на баратели на азил од Македонија во Германија. Македонските државјани се на четврто место на листата на странци кои бараат азил во земјата

Иако бројот баратели на азил ( 9.502) во Германија во текот на минатиот месец бележи намалување во споредба со јули за само 14 лица, македонските државјани на списокот се „пробија“ од шестото - на четвртото место. Поточно, според информацијата од Сојузното германско МВР, во текот на август 698 македонски државјани побарале азил што е за 225 лица повеќе од јули. Со тоа Македонија се најде на четвртото место во групата од десетте држави која во август ја предводи Србија со 1.170 баратели. Потоа следуваат лицата по потекло од Руската Федерација (1.096), па Сирија (1.021). По Македонија се барателите од Авганистан (566), Косово (470), Пакистан (394), Еипет(383), Иран(299) и Ирак(296).Притисокот од август, како што покажува статистиката, влијаел да се поместат и севкупните бројки во текот на осумте месеци, при што дојде и до поместувања во распоредот на земјите од каде е најголемиот број баратели . Така македонските државјани се искачиле од осмото на седмото место (2.612 лица). Од вкупно 62.464 лица кои во осумте месеци побарале подобар живот во Германија, најбројни од регионот се државјаните на Србија кои со 4.840 барања се на третото место.