1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов процес против Мубарак во април

Терминот е веќе утврден: на 13 април ќе започне нов процес против екс-претседателот на Египет. 84-годишниот Хосни Мубарак е обвинет за соучество во убиството на демонстрантите од пред две години.

Државната новинска агенција Мена јави дека наново ќе се води судски процес и против двајца од синовите на Мубарак, поранешниот министер за внатрешни работи и најважниот советник. Тешко болниот екс-владател, кој лани беше осуден на казна доживотен затвор, моментно се наоѓа во воена болница.

Мубарак беше принуден на оставка од војската на 11 февруари 2011 година откако на власт беше речиси 30 години. Подоцна тој беше уапсен и по десетмесечниот процес осуден на доживотен затвор. Судиите сметаа дека е докажана неговата вина како соучесник во смртта на повеќе од 800 демонстранти за време на 18-дневната револуција против неговиот режим на почетокот на 2011 година.

Ägypten Kairo Besuch von John Kerry

Џон Кери во Каиро

Одбраната и државното обвинителство меѓутоа тврдеа дека се направени повеќе пропусти во постапката и вложија жалба. Многумина Египќани пак беа разочарани што Мубарак не беше осуден за давање наредба за убиство на демонстрантите. Во јануари суд во Каиро го одобри барањето за ревизија.

Во меѓувреме американскиот министер за надворешни работи Џон Кери на крајот од неговата дводневна посета ги повика египетската влада и војската да спроведат реформи и да ка санираат длабоката поделеност во земјата. Во разговорите со претседателот Мохамед Мурси и министерот за надворешни работи Камел Амр, Кери централно место им даде на економските реформи. Тие се предуслов за склучување договор за кредит со ММФ од над 4,8 милијарди долари и за финансиската помош што Вашингтон ја стави во изглед.