1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нов предлог за името од посредникот Метју Нимиц!

Владата и Претседателот на државата вечерва во Скопје ќе го одредат македонскиот одговор на последниот предлог од Нимиц, иако официјална Атина вчера попладне веќе го одби.

Дали ќе расправа и парламентот?

Дали ќе расправа и парламентот?

Вчера Црвенковски не ја откри формулата за решавање на спорот со името. Но извори од кабинетот на Бучковски велат дека од посредникот Нимиц е сугерирано уставно име кое би се користело во домашната употреба и во контактите со земјите што билатерално државата ја именуваат како Републиика Македонија . Во меѓународните организации името би се транскрибирало и изговарало според латински но на англиски како Република Македониџа што најверојатно би прозвучело, а за грчката страна покрај Република Макеоднија и додавката Скопје. Добро упатени извори во макеоднската дипломатија велат дека зад овој предлог на НИмиц стои македонската иницијативноста за демонстрација на конструктивност. Слично како и со предходниот идеја од летоска кога Нимиц предлагаше Република Македнија цртичка Скопје како единствена формула и зад што се криеше грчката страна.. Тогаш властите во Скопје одбија вакво решение нудејќи ја двојната формула, уставно име во Меѓународната комуникација и договорно со властите во Атина. Во макеоднската јавноста се потсетува на само критиката на премиерот Бучковски во Лондон кога рече дека Македонија не покажува доволна кооперативноста во решавањето на спорот со името.. Под притосок на критиките во Макеоднија изјавата на премиерот во понеделникот се обиде да ја релативизира шефот на дипломатијата Митрева.

„Прашањето за уставното име не е дел од европската агенда на Република Макеоднија што впрочем став и на Европската Унија, дека ова прашање не преставува дел од Копенхашките критериуми. Сметаме дека додделувањето на статус на кандидат на Република Макеоднија е прашање на интересен не само на граѓаните на нашата земја туку и на регионот во целост а се разбира и на Грција на нашиот јужен сосед“..

Тоа сепак не беше доволно за опозицијата кога истиот ден лидерот на ВМРО ДПМНЕ излезе пред камерите со остро предупредување за Бучковаски. Премиерот нема мандат за тајни преговори и за промена на името, рече Никола Груевски.

„Доколку, велам доколу тргнал по тој пат некој индиции зборуваат дека тргнал по тој пат дека е во погрешна насока и дека ќе има сериозен проблем не само со опозицијата туку и со општата јавност во Република Македонија. Вештачко креирање на атмосфера, атмосфера во која ние треба да се караме самите себе си дека сме многу не конструктивни и деека треба да бидеме по конструктивни и дека е тоа за наше добри и дека тоа е главна пречка сега за Ноември, Декември да добиеме одредени одговори, позитивни одговори од Европската унија, таа вештачка и засилено создавана атмосфера е прозирана и очигледна“..

Никола Груевски како и другите шефови на политичките партии утре на пладне ќе се соберат на партиски самит кај претседателот Црвенковски.. Откако сите медиуми во Макеоднија синоќа го пренесоа грчкото „не“ за новиот предлог од Нимиц, доцна ноќеска тамошната телевизија „Антена“објавила дека посредникот понудил име за Макеоднија од само два збора.