*
Кој се обучува за кривично дело во некој терористички камп во иднина може да биде казнет со казна во висина до 10 години затвор, предвидува предлог-законот што денеска во Берлин го претстави министерката за правда, Бригите Циприс. Предуслов за изрекување на казната е обвинетиот навистина да планирал напад. Доколку лицето само престојувало во кампот, нема да подлежи на казна, изјави Циприс. Освен тоа, казниво дело би требало да биде и производството на оружје или на материјали за планирани атентати. Со казните треба да бидат опфатени и финансиери на напади.