1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов почеток за Шенгенскиот информациски систем

По значително одложување денеска започнува да функционира европскиот информациски систем СИС 2. Со новата база на податоци безбедносните служби можат полесно и побрзо да разменуваат информации.

default

Metallgatter mit Schild Schengen

Простор на слободно движење на луѓе и производи без контроли на внатрешните граници-. Оваа цел беше остварена со Шенгенскиот договор кој е во сила од 1995 година наваму. Во Шенгенскиот простор припаѓаат повеќето земји-членки на ЕУ освен Велика Британија, Ирска Кипар, Романија и Бугарија. Но затоа членки на Шенген-зоната се Лихтенштајн , Исланд Норвешка и Швајцарија кои не се дел од ЕУ. Во рамките на овој простор граѓаните можат слободно да се движат, но при влезот во Шенген-зоната сепак се контролираат личните податоци. За да можат да ја гарантираат безбедноста, земјите-членки на Шенген-зоната во 90-те години од минатиот век основаа заедничка база на податоци на лица по кои се трага, т.н „ Шенгенски информациски систем“ (СИС). Сега овој систем беше реформиран и во иднина размената на информации меѓу надлежните органи во различни држави треба да се одвива побрзо и полесно.

Infografik Die Staaten des Schengener Abkommens

Земјите-членки на Шенген зоната се означени со темно зелена боја

Прекугранична размена на податоци од 1995 година

Оваа заедничка датотека во првата генерација опфаќаше најнапред податоци за лицата по кои е распишана потерница, кои се исчезнати или под надзор. Со проширувањето на ЕУ во 2004 година овој систем е проширен со податоци од новите земји-членки. Покрај тоа од тогаш наваму во датотеката се зачувуваат и биометриски податоци, отисоци од прстите и фотографии. Така на европскиски царински, погранични, полициски и правусудни органи сега им е овозможено не само да трагаат по исчезнати или лица осомничени за криминални активности туку и по објекти, како автомобили или оружја, на пример. „Важно е дека земјите-членки потесно соработуваат меѓусебе и водат заедничка борба против криминалот- како рамнотежа за непостоењето на внатрешните граници“, вели Маркус Вајер Полок, портпарол на германското министерство за внатрешни работи.

Нема хомогена заштита на податоците

Разменувањето на податоци, не е ништо ново. „Меѓутоа со преминувањето на оваа втора верзија на СИС (СИС 2) преземена е централизација на чувањето на податоците“, вели ополномоштеникот на германската влада  за заштита на податоците и слободата на информирање Петер Шар во интервју за ДВ. Затоа уште поважно е ние во Европа да имаме единствено високо ниво на заштита на податоци во областа на полициската обработка на податоците“, вели Шар. Националните и европските служби за заштита на податоците треба да помогнат во проверка на законитоста на зачувувањето на податоци во новата верзија на СИС .

„Германија како и други членки при преговорите за проширување на Шенгенсскиот информациски систем сегогаш внимаваше на тоа, нашето високо ниво на заштита на податоци да биде пренесено и во европските правила“, уверува портпаролот на министерството за внатрешни работи, Бајер.

Peter Schaar

Петер Шар, сојузен ополномоштеник за заштита на податоците и слобода на информирањето

Шар од друга страна критикува дека СИС 2 е база на податоци за лица  по кои се трага, на која меѓутоа можат да се надоврзат и нови регистри кои штотуку настануваат. На пример во еден таков европски регистер  се опфатени сите патници кои влегуваат и излегуваат во и од надворешните граници на  Шенген зоната. Истотака најавена е и подготовка на Визен информациски систем. Згора на тоа Европската Комисија и дозволи пристап до СИС 2 на европската полициска служба Европол. „Се создава ситуација во која нема да се зачувуваат податоци само за осомничени или обвинети за криминал граѓани на ЕУ туку за сите“, критикува Петер Шар.

Седумгодишно задоцнување, десетпати поскапо

Беше тоа тешко породување. Од 2002 година се работеше на развивање и програмирање ан СИС 2. Во 2006 година требаше да започе да функционира но тоа н се случи. Секогаш одново датотеката не ги положуваше неопходните технички тестови. Досегашните трошоци според информациите на Европската Комисија изнесуваат околу 160 милиони евра. Првобитно беа планирани вкупно 20 милиони долари.

СИС 2 е структуиран во еден централен компјутер во Стразбур (Ц-СИС) и во во моментов 25 системи во секоја членка на Шенген зоната (Н-СИС). При покренувањето потерница од страна на националните полисиски служби податоци од Н-СИС се пренесуваат во Ц-СИС, кои само по неколку минути им стојат на располагање на сите членки на Шенген зоната истовремено. На сите гранични постојки во најкусо време пристигнуваат итни информации. СИС 2 е наредниот чекор на ЕУ за заштита на слободата и безбедноста на Шенгенскиот простор.