1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нов почеток за подобра Македонија или стар концепт со нов мандат?

Жестоката дебата во македонското собрание за новата кабинет на мандатарот Никола Груевски продолжува и денеска. Седницата треба да заврши најдоцна до полноќ со изборот на осмата влада на независна Македонија.

default

Во Собранието

Нема промена во курсот за одбрана на Уставот и македонскиот идентитет иако политичките преговори со Грција треба да одат кон компромис околу името. Со познатата реторика на внимателност Премиерот Груевски веројатно не ги задоволи очекувањата на бројниот дипломатски кор, кој од експозето за идната владина надворешна политика очекуваа сигнал дали е возможен побрз расплет на долгогодишниот спор.

Груевски повика на обединување, опозицијата го обвини за прогон на неистомислениците

Mazedonien Ministerpräsident Nikola Gruevski

Премиерот и мандатар за состав на новата влада Никола Груевски


Надворешната политика беше дел од жестокоста на соочувањата власт – опозиција, која е забележителна од стартот на новиот парламентарен состав.

„Во текот на сите влади досега имавме право да го користиме зборот за идентификација– македонски. Со вашето незнаење и неспособност, сега ја губиме таа битка“,спореше Савова (СДСМ), а и одговори Мазнева (ВМРО-ДПМНЕ)-„Можам и да се согласам со Вас, но за тоа е виновен СДСМ кој прифати промена на знамето и срамна референца ФИРОМ“.

Сепак немаше спектакуларна агенциска вест од промоцијата на новата владина програма упатена кон странство. Но затоа првиот ден од дебата ги поларизираше ставовите околу веродостојноста на планираните владини проекти и министерски состав.

Политика на континуитет или старо - нова влада со лажни ветувања. Во овој распон се движеа парламентарните полемики по експозето на мандатарот Груевски. И додека премиерот во својот промотивен говор побара обединување на сите граѓани за подобра и модерна Македонија, опозицијата возвраќаше дека токму неговата владеечка партија и Влада се иницијатори за напад врз демократските процеси, со затворање на медиуми или прогон на неистомислениците. Во експозето програмските цели беа систематизирани во пет точки, со идентично рангирање како пред три години.

Критика за дилот со ДУИ за хашките случаи

Од програмските цели, со над 1200 проекти, премиерот се определи за економските приоритети и ветувања- странски инвестиции до 650 милиони евра до крајот на годинава, а над 2 милјарди евра до крајот на мандатот на оваа Влада, намалување на невработеноста до 25 насто, поголеми плати и пензии од 20- 30 насто.

„Економскиот раст е главен приоритет во овој мандат. Очекуваме пораст на БОП 4-5 насто, а до 2015 година и 5,5 насто со 3 проценти буџетски дефицит“.

Опозицијата го потсети Груевски дека пред 30 месеци вети 8 милјарди евра инвестициски бум во Македонија, но нема изградено ниту еден километар автопат или енергетски капацитети. Но сепак соцјалдемократите го провоцираа мандатарот да се изјасни кога бил веродостоен, кога говорел дека хашките досиеа ќе завршат со македонски пресуди за воените злодела на ОНА или кога со парламентарна одлука е изведна нивната амнестија.

Regierungsgebäude der Republik Mazedonien

Што може да се очекува од новата влада?

„ Недозволиво е, предавнички е, поради фотељите на десетина луѓе, Груевски да го погази својот јавно даден збор, по кој знае кој пат, за да ги амнестира воените злосотрници од хашките случаи“. По Ивановски СДСМ и другите прозивки, премиерот со објаснување дека „сочувствува со болката на роднините на киднапираните Македонци“, но политиката го принудува да ги затвори четирите хашки досиеа во знак на етничка кохезија и помирување . „Освен емотивно и човечки, политичарот мора да носи и тешки одлуки кога верува дека тоа ќе биде од интерес на државата и на сите граѓани“, рече Груевски.

Мендух Тачи го бојкотираше експозето на Груевски

Парламентарниот ветеран Тито Петковски со оценка „Не тој ист ДУИ што беше пред три години. Една партија, како потенцијален владин партнер, доби авансирани гаранции за своите барања, што беа услов за влез во Владата. Тоа досега не се случило во парлементарната пракса.“

На прозивките од Петковски дека не верува во ветувањата, со прашање дали ќе си даде оставка ако и сега не ги исполни, премиерот со одговор.„Ако овој принципи го промовиравте пред две децении, Вие Петковски досега не ќе бевте во политиката“.

Додека мандатарот беше активен, неговиот коалициски партнер Ахмети само задоволно ги следеше одговорите на фронменот на ДУИ, Ермира Мехмети- Деваја во спорењата со опозиционерите од ДПА. Таа им одговараше дека се што е направено за националните интереси на Албанците е нивно дело. Лидерот на ДПА, Тачи го бојкотираше експозето на Груевски, но е пријавен за можна дебата која до пред полноќ треба да заврши со изборот на осмата Влада, само на неколку недели пред одбележувањето две децении самостојност и една декада од Рамковниот договор.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски

DW.COM