1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов почеток за Либија по смртта на Гадафи

Само неколку часа по убиството на екс-диктаторот Моамер ел Гадафи во Либија започнаа подготовките за формирање нова влада. Гадафи набргу треба да биде погребан на непозната локација. ОН побараа истрага за неговата смрт.

default

Либијците ја слават смртта на Гадафи

Во Либија се утврдени првите насоки за демократската иднина на земјата. Набргу по смртта на поранешниот властодржец Моамар ел Гадафи, Либијците ја превземаат судбината во свои раце. Вршителот на должноста премиер, Махмуд Џибрил, изјави дека новите властодржци имаат намера веќе в сабота официјално да го објават почетокот на преодната фаза кон демократска држава. Претседавачот со Преодниот Совет, Мустафа Абдул Џалил, сака да го стори тоа во Сирт, родниот град на Гадафи. Потоа за 30 денови треба да биде формирана нова преодна влада, а осум месеци подоцна треба да биде свикан националниот конгрес за да ги утврди насоките за целосно нов почеток.

Libyen Gaddafi Rebellen

Неразјаснето убиството на Гадафи

Како точно бил убиен Гадафи во неговиот роден град Сирт засега не е јасно. Извештаите се противречни. Најнапред вршителот на должноста премиер Махмуд Џибрил изјави дека Гадафи бил уапсен и потоа смртно застрелан, кога врз војниците кои сакале со возило да го однесат во градот Мисрата и на патот бил отворен оган. Според други наводи, тој бил претепан на смрт од страна на борците на владата. Џибрил го демантираше тоа и истакна дека Гадафи починал во болницата во Мисрата поради премногу загубена крв од прострелната рана.

Телата на Гадафи и на неговиот убиен син Муатасим се однесени на преглед во Мисрата. Не е јасно дали е убиен и другиот син на Гадафи - Саиф ел-Ислам.

Gaddafi / Libyen / Tripolis

Едно од последните појавувања на Гадафи пред телевизиските камери во март годинава

Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права денеска побара спроведување истрага за смртта на Гадафи. Според нејзин портпарол, жртвите на 420годишната диктатура на Гадафи заслужуваат да видат судски процес за направените неправди.

Да не остане сомнеж во идентитетот на убиениот

Вршителот на должноста премиер Махмуд Џибрил изјави дека Преодниот совет вчера по убиството на Гадафи стапил во контакт со Меѓународниот кривичен суд. Трубиналот ги замолил Либијците да сочекаат со погребувањето на Гадафи, за да може да се изврши аутопсија на неговотото тело. Преодниот совет меѓутоа одлучил поинаку, но сепак лекарите земале примероци од косата и од плунката на Гадафи за со ДНК анализа да не се остави никаков сомнеж за идентитетот на убиениот. Гадафи набргу треба да биде погребан на непозната локација.

Автор: Симе Недевски/ЖА/дпа/афп/дв

Редактор: Ж.Ацеска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема