1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нов почеток за „Ескада“?

Во улицата со најлуксузни продавници во Минхен повторно е отворен и бутикот на германската марка „Ескада“. За Бруно Зелцер, патот на спасувањето на марка се покажа потрнлив, отколку што можел да претпостави.

default

Сопственик на „Ескада“ е Индијката Мега Митал од семејството на кое му припаѓа и најголемиот светски концерн за челик. Таа ја купи модната марка минатата година, кога „Ескада“ се најде во стечај. Бруно Зелцер, кој

16.11.2011 DW-TV MIG Made in Germany Escada

порано фирмата „Хуго Бос“ ја направи светски позната марка, дојде за раководител на „Ескада“ пред две години за да ја санира. Во неа инвестирал и три милиони евра сопствени пари, но никој, па ни тој самиот, не сметал дека „Ескада“ ќе се најде во стечај. „Јасно е дека не ги загубив парите доброволно. Тоа беа навистина многу пари. Од друга страна, јас не живеам од парите. Хоби ми се трчање, фудбал и фитнес-тренинг, а тие не бараат многу пари“, вели Зелцер.

Тој успеа барем да ги задржи најголемиот дел од околу 2 илјади работни места. Сега има за цел наредната година да постигне позитива во работењето. „Комплексноста на палетата модели ја намаливме за околу 30 проценти, но модниот израз е појасен и повторно повеќе ’Ескада‘, каков што беше во времето на големи успеси“.

Flash - Galerie ESCADA 6

Зелцер не сака познато дизајнерско име, туку моделите ги креира тим предводен од Бетина Хамерл, кому му остава многу простор за фантазија. Моделите се скапи - една јакна чини 900 евра, а се произведуваат само илјада примероци. Фустаните се шијат во Словенија. Рачно шиен фустан чини 12 илјади евра. Сепак, основна цел е производите да се достапни за добростоечки среден слој. Колекциите на неговиот претходник тешко се продаваа. Со својата колекција за 2011 Бруно Зелцер мора безусловно да постигне полн погодок.

Автор: Кристијан Прицелиус/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска