1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов почеток во руско-американските односи

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитриј Медведев денеска во Прага го потпишаa новиот Договор за намалување на нуклеарното вооружување.

default

Обама и Мадведев го потпишаа договорот

Договорот за намалување на нуклеарното вооружување предвидува намалување на нивото на нуклеарни боеви глави за околу една третина, односно двете земји ќе имаат можност да располагаат со лимитот од окоу 1 500 боеви глави.

Својата визија за свет без нуклеарно оружје, како најтемно наследство од времето на Студената војна, американскиот претседател Барак Обама ја најави во говорот пред прашкиот замок Храдчани, минатата година: ,,Не можеме да успееме сами, но можеме да предводиме, можеме да започнеме. Како единствена нуклеарна сила што употреби нуклеарно оружје САД имаат морална одговорност да дејстуваат,“ изјави Обама.

„Гест на симболика“

Една година подоцна по преговорите со Русија, американскиот претседател се враќа на истото место, прашкиот замок Храдчани, заедно со неговиот руски колега Дмитриј Медведев на потпишување на новиот Договор за намалување на нуклеарното вооружување (СТАРТ). Чешките експерти во изборот на местото на потпишување на спогодбата препознаваат ,,гест на

Symbolbild USA Russland

симболика.“ Политиколог Јиржи Пехе вели: ,,Симболиката се однесува на говорот на Обама пред една година во Прага, каде вети нуклеарно разоружување. Затоа мислам дека за Соединетите Американски Држави е важно Договорот да биде потпишан токму во Прага, каде Обама по првпат ја најави својата визија,“ изјавува политикологот Пехе.

Новиот Договор треба да го замени претходниот од почетокот на 90-тите години, чија важност истече во декември минатата година. Тој треба да биде ратификуван од американскиот Конгрес и од руската Дума. Во Прага, Обама ќе се сретне и со лидерите на земјите членки на ЕУ од Средна и Источна Европа, плус Хрватска, на што се гледа како на чин во кој американскиот претседател сака да ги увери земјите од регионот дека новиот договор со Русија не значи ослабнување на американските врски со Централно-Источна Европа, особено и по минатогодишното менување на планот на актуелната американска администрација за поставување на антиракетен систем во Полска и Чешка.

Самитот САД-Русија, во главниот град на Чешката Република се одвива под силно обезбедување. Околу пет илјади припадници на безбедносните служби се грижат за безбедноста, а повеќе улици во Прага се затворени.

Автор: Теодора Давчевска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM