1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нов поход на Европа на македонските ракометари

Започнуваат квалификациите за Европското првенство во Данска во 2014-та година. Битката за место на силниот европски ракометен полигон Македонија ќе ја бие против селекциите на Шпанија, Швајцарија и Португалија.

Оваа бурна година за македонскиот ракомет продолжува. Машката репрезентација откако обезбеди учество на Светското првенство во 2013-та, деновиве влегува во нов предизвик- битка за учество и на наредното Европско првенство. На патот за Данска пред македонските репрезентативци се испречени селекциите на Шпанија, Швајцарија и Португалија. Селекторот Звонко Шундовски нема дилеми околу фаворитската улога во групата:

„Групата можам да ја прокоментирам како доста солидна. Ние и Шпанците имаме најголеми шанси за пласман на Европското првенство. Но, сепак тоа мораме да го докажеме на теренот. Ова ќе биде циклус во кој на секој натпревар ќе мораме да го дадеме својот максимум да се избориме за учество и да го продолжиме континуитетот на учества на големите натпреварувања“, вели Шундовски.

Петар Ангелов еден од најискусните македонски репрезентативци смета дека претстои тежок пат до портите на наредното Еуропео:

„Имаме група на репрезентации која ни малку не е лесна. Тука се пред се’ Шпанија и Швајцарија, а секако и Португалија, а знаеме дека ќе се пласираат само две екипи. Ние сме целосно концентрирани, знаеме каква е нашата цел. Сакаме да одиме на ЕП во Данска и со добра тимска подготовка и игра верувам дека ќе успееме“.

Селекцијата, која беше 5-та на последниот шампионат во Србија и која обезбеди учество и на наредното Светско првенство главно во непроменет состав влегува и во новите квалификации. Голманот Борко Ристовски нема да настапи поради исклучувањето во мечот со Австрија. Поради повреда неизвесен е и Наумче Мојсовски. Селекторот Шундовски за претстојниот натпревар против Швајцарија вели:

“Швајцарија е многу сериозна и добра репрезентација. Но, нашите амбиции во овој натпревар се победнички. Тоа би значело и добар старт во новиов циклус.“

Заборавен олимпскиот неуспех

И Ванчо Димовски, долгогодишниот репрезентативец го респектира составот на

Vanco Dimovski Handballspieler Mazedonien

Ванчо Димовски

Швајцарија:

„Тоа е доста квалитетна репрезентација со хрватскиот тренер Перковац, кој подолго време ја води. Ја сочинуваат главно играчи на Шафхаузен, екипа која игра веќе неколку сезони константно добро во Лигата на шампионите. Имаат неколку интернационалци, кои настапуваат во силни клубови во Германија. Ништо не ни преостанува освен да играме на победа, бидејќи во спротивно многу ќе се оддалечиме од Европското првенство.“

Искусниот пивотмен, вели дека неуспехот во квалификациите за учество на Олимпијадата е веќе минато. Се паметат убавите работи, победничката атмосфера во репрезентацијата е вратена:

„Сега сме на добар пат. Се собираме после успехот против Австрија во баражот за Светското првенство. Би требало атмосферата да остане онаква каква што беше при постигнувањето на последниот успех. Спортот е таков, последното остварување сакаме да го паметиме, се друго брзо се заборава.“- оптимистички е расположен Ванчо Димовски.

Натпреварот протв Швајцарија е в среда во Скопје, а 4 дена подоцна следи гостувањето во Португалија.