1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нов полет

Коментар на Карл Завадски

Странците и Германците во стопанството

Странците и Германците во стопанството

Германското стопанство ги остави зад себе тешките години и со голема верјатност се наоѓа пред добра иднина. Излезе од кризата и сега тргнува напред. Меѓутоа, дома многумина од многуте дрвја не ја гледаат шумата. Однадвор и во меѓународна споредба тенденциите очигледно порано се согледани и ги искористја шансите поврзани со нив. Пред се во големи размери се ангажираат англо-американските фирми. Инвеститориските банки се тука и ги засилуваат своите филијали со седиште во Франкфурт. Во наредните години за нив ќе има многу работа во Германија. Берзата извесно време е во нов залет. Некои купуваат фирми ефтино, други инвестираат во се уште потценетиот пазар на акции. Во првото полугодие од годинава странските инвеститори го зголемија својот ангажман во германските акции за 22 процента: само во мај и јуни во берзата се инвестирани 71 милијарда евра. Странците побргу го видоа тоа што го напиша „Економист„. Но, во германската јавност тоа се уште не е прифатено. Иако ситуацијата во најголемиот број фирми е значително подобрена, атмосферата е таква како земјата да е на работ на провалија. Според тоа неопходно е во наредниот легислативен период на Бундестагот, без оглед со која владина коалиција, не само да продолжи реформскиот курс на канцеларот Герхард Шредер, туку да се засили. И пред се важно е Германците да престанат со воздржаноста, туку со сигурност да гледаат во иднината, зашто имаат причина за тоа.

Карл Завадски