1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нов однос на Германците кон националните симболи

Во Куќата на германската историја во Бон деновиве беше отворена исложба, која прикажува како се промени односот на Германците кон својата нација и нејзините симболи.

default

Плакат за изложбата „Да се покаже знамето?, Германците и нивните национални симболи

„Јас не ја сакам државата, јас ја сакам мојата жена“, одговори еднаш поранешниот германски претседател Густав Хајнеман, на прашањето, што чуствува тој за Германија. Актуелниот претседател Хорст Келер наспроти тоа сосема кусо вели дека ја сака својата земја. Келер деновиве ја отвори изложбата „Да се покаже знамето?- Германците и нивните национални симболи“, која до 13 април наредната година ќе биде прикажана во Куќата на германската историја во Бон.

Знаме, музика од воен оркестар, војници кои маршираат и споменик. Долго време оваа низа од симболи во Германија беше табу тема, зашто потсетуваше на времето на националсоцијализмот. Диктатурата на нацистите се служеше со сите симболи содржани во германската историја и ги злоупотреби за свои цели. Тоа постојано го истакнуваше Адолф Хитлер.

„Знамето отсекогаш било свет симбол за Германците. Тоа не е обична крпа туку тоа е убедување и верба, а со тоа и обврска“, велеше Хитлер.

Hitler hält eine Rede mit Hakenkreuz im Hintergrund

Националните симболи биле злоупотребувани од страна на Хитлер

Повикување на традицијата од 1848 година

По Втората светска војна, новите знамиња на Западна и на Источна Германија беа црно-златно-црвени. Со тоа и двете држави се повикаа на заедничкото наследство од 1848 година. За време на т.н мартовска револуција во таа година, многумина излегоа на улица со цел поединечните кнежества да ги обединат во една земја-Германија. Знамето притоа одигра голема улога. Тогаш, тоа беше најважниот симбол за поттикнување на единството. Изложбата во Бон хронолошки го прикажува развојот на настаните, објаснува научната соработничка на Бонската куќа на историјата, Ирис Бендер.

„ Во Сојузна Република Германија, долго се дискутираше за симболите, како на пример, химната или пак новото знаме. И тоа во основа е претставено во овој изложбен простор. Освен тоа се гледа и оти двете германски држави по војната се повикале на традицијата од 1848 година. Но го направиле тоа на сосема различни начини. Во Германската Демократска Република

Flagge DDR

Знамето на Германската Демократска Република

се повикале на борбата на барикадите и на револуционерната традиција, а во западна Германија на парламентарната традиција“, истакнува Бендер.

ГДР повторно се вратила на националните симболи од идеолошки причини.

„Мора да изгледа демократски, но ние мораме се’ да имаме в рака“, гласеше диктатот на претседателот на државниот совет на ГДР, Валтер Улбрихт. Во Западна Германија, пак, наспроти тоа виорењето на знамето беше работа која се избегнуваше. Бон како седиште на владата стана симбол за скромниот нов почеток.

Пресвртот се случи за време на Светското фудбалско првенство во 2006-та

Дури по повторното обединување на земјата односот на Германците кон нивната земја се промени.

На изложбата посетителот чекори низ реконструкција на Бранденбуршката капија во Берлин, која стана нов симбол на повторно обединета Германија.

„Во овој дел на изложбата станува збор за обединета Германија. станува збор прво за променетиот однос кон боите црно- црвено- златно, и потоа станува збор за Берлин како главен град на обединета Германија“, објаснува Корина Томберг од Куќата на историјата во Бон.

Изложбата завршува со црно-црвено-златната треска за време на Светското првенство во фудбал во 2006-та година,

WM 2006 - Deutsche Nationalmannschaft im Mannschaftsbus am Brandenburger Tor

Милиони германски знамиња се виореа во земјата за време на Мундијалот во 2006-та

кога германски знамиња се виореа на секој чекор и Германците ги славеа своите фудбалски херои. Тоа беше летна бајка.

Изложбата упатува на еден нов патиотизам во Германија, патриотизам на новото време, кај кој изгледа дека нема траги од некогашните злоупотреби.

„Навистина се стекнува впечаток, дека односот на Германците кон нивните национални симболи е помалку згрчен. Тој стана поопуштен, или, ако сакате, веројатно нормален“, вели Ханс Валтер Хитер, претседателот на Фондацијата на Куќата на историјата на Сојузна Република Германија.

За жал, Бонската изложба го премолчува фактот дека и денес се’ уште има екстремисти, кои за нивните радикални идеологии, ги злоупотребуваат националните симболи, како германското знаме .