1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нов обид на Груевски и Папандреу

Македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот грчки колега, Јоргос Папандреу денеска (17.06.2010) имаа директна средба во Советот на ЕУ во Брисел. Брисел позитивно гледа на ваквите непосредни размени на мислења.

default

Никола Груевски и Јоргос Папандреу на претходна средба

Средбата се одржa претпладнево, по што не беа дадени изјави за новинарите, туку беше објавено само соопштение, во кое се вели:

„Македонија и Грција остануваат посветени и го поддржуваат процесот што го води медијаторот Метју Нимиц во рамките на ОН. Постои волја и подготвеност за изнаоѓање заемно прифатливо решение за билатералниот спор за името, кое нема да нанесе штета на ниту една од двете страни.

На средбата што беше договорена на заедничка иницијатива во духот на веќе воспоставената пракса на билатерални контакти на премиерско ниво биле разменети мислења и информации за повеќе прашања од заеднички и регионален интерес.

Двајцата премиери, меѓу другото, рзговарале и за предизвиците поврзани со светската економска криза, европските и евроатлантските интеграции на земјите од регионот“, се вели во соопштението.

Брисел инаку позитивно гледа на ваквите непосредни размени на мислења, убеден дека тоа е најефикасниот начин да се доближат ставовите на двете страни за што поскоро да се надмине долгогодишниот спор помеѓу двете држави.

Вчера во Брисел, македонскиот премиер и неговата делегација остварија низа партиски средби во рамките на Европската Народна Партија, но ниедна од нив не се издвојува како позначајна.

Europa Mazedonien

Нема траен компромис со Грција

Судејќи по изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, дадена вчера попладне во Брисел, македонската страна се‘ уште не е подготвена на траен компромис со Грција.

Подоцна денеска Груевски ќе се сретне и со еврокомесарот Штефан Филе, кој се надева од македонскиот премиер да слушне добри вести во насока на решавањето на спорот за името. Како што информираат европски дипломати, нема поента за толку скора повторна средба меѓу Филе и Груевски, ако не е во прашање конкретен напредок во спорот за името.

Македонија од своја страна како се‘ уште да се надева да добие преговори со ЕУ, а паралелно да ги води преговорите за името. Тоа е варијанта која за Атина досега секогаш била неприфатлива.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска