1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нов обид за надминување на спорот околу буџетот на ЕУ

Земјите- членки на ЕУ од една и Европскиот парламент од друга страна зад себе веќе имаат еден неуспешен обид за надминување на несогласувањата околу буџетот на Унијата за наредната година.

Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот парламент денеска ќе направат уште еден обид за постигнување согласност околу буџетот на Унијата за 2013 година. Првиот обид за такво нешто пропадна во минатата недела. за наредната година Европарламентот бара буџет од 138 милијарди евра, односно 6,8 проценти повеќе отколку во 2012 година. националните влади пак сакаат раст од 2,8 проценти и ограничување на издатоците на неполни 133 милијарди евра. Преговорите важат за екстремно тешки. Доколку не биде постигната согласност, Европската Комисија ќе мора да поднесе нов предлог-буџет.

Сето ова меѓутоа  е само вовед во преговорите за долгорочниот буџет на ЕУ поради кој е свикана и вонредната средба на врвот (22 и 23 ноември) каде треба да се договори барем начелно, за износот за ЕУ во периодот 2014 – 2020 година.

Станува збор за околу 1.000 милијарди евра, а ЕУ сака тие пари да ги потроши за субвенции во земјоделието, програми за наука и истражување, култура, индустрија како и за структурна помош и помош за одредени стопански сектори.

Буџетот треба да покрие и трошоци за бројни институции на ЕУ како што се ЕК, судовите, ЕП и низа мали организации кои дејствуваат во име на Унијата. Европската бирократија троши само 20 отсто од буџетот додека останатиот дел се враќа на државите – членки во облик на разни субвенции. Буџетот мора да биде биде усвоен едногласно бидејќи секоја држава има право на вето.