1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нов обид за лидерска средба

Меѓународната заедница планира повторно да ги седне власта и опозицијaта во Македонија на иста маса заради дијалог за стратешките реформи

default

И вториот обид и понуда на претседателот Бранко Црвенковски да ги собере четворицата лидери од власта и опозицијата ,е опструиран од владеачката коалиција.Шефот на државата се понуди да биде модератот,на што жестоко одбија ДПА и ВМРО ДПМНЕ.Постои нова иницијатива на меѓународната заедница на почетокот од оваа недела да ги собере Груевски,Тачи,Ахмети и Шеќеринска,лидерите и претставници на најголемите партии од власта и опозицијата во полн состав во Собранието со прецизна агенда што од реформите за евроатланските асоцијации ќе направи владата,а ќе поддржи опозицијата.Пред самитот во Рига,македонската политичка елита и водачи ќе треба да манифестираат волја за партиски консензус во спроведувањето на законот за полиција,ослободувањето на судството од партиски влијанија и стеги,порешителна децентрализација и самостојност на општините.

Утре во Скопје би требало да биде поставен споменикот на Скендер бег,промотор беше ДУИ и градоначалникот од Чаир од неговите редови.Скулптурата помина низ Дебар,Тетово и стигна до влезот на Старата скопска чаршија.Како дел од Мавровските средби одржани минатата недела, градските советници од ДУИ и ДПА заедно со двете крила на ВМРО ДПМНЕ ја потврдија локацијата на споменикот во Старата скопска чаршија.Сега би се очекувало Никола Груевски и Мендух Тачи,веројатно и Арбен Џафери да се најдат со Али Ахмети на откривањето на споменикот на овој балкански преродбеник од пред пет века.Тоа би се толкувало како гест на добра волја кон лидерот на ДУИ и иницијативата на неговите сопартијци.Но сепак,во албанско албанскиот блок и натаму има тензии,во Скопје во Универзалната сала дојде до жесток инцидент и масовна тепачка на музичкиот фестивал на Албанците .Овие два навидум маргинални настани добиваат централно место во борбата за превласт меѓу ДУИ и ДПА,особено на крилата кои ги заговараат Албанците на своевидна нова локална поделба на Скопје и Куманово наспроти Тетово и другите.

Откако премиерот Груевски го состави својот владин кабинет,ДУИ не стана владин партнер,па опструкциите на Ахмети потоа го стеснија просторот за политички дијалог власт опозиција но и за зголемена етничка толеранција.