1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нов обид да се формира анкетната комисија

Македонското собрание бара нов компромис кој да ја води анкетната комисија за истражување на околностите под кои се случија инцидентите во и надвор од парламентот. Опозицијата бара оставка на министерката за внатрешни.

default

Собрание

Формирањето анкетна комисија за собраниските физички и меѓупратенички пресметки станува скандал сам по себе. Трет ден нема согласност на нејзини чело да биде пратеник од опозицијата. Затоа дилемите дали и кој ги иницираше парламетарните настани, како дел од т.н есенско сценарио на опизициските Социјалдемократи и Демократската унија за интеграција, станаа топ тема во текот на изминатиот викенд.

Синоќа се огласи врвот на владеачката ДПА кој ги повика ривалите од ДУИ да не бидат егоисти пред решавањето на Косово и националните интереси на Албаницте во регионот и во Македонија. - Го повикуваме ДУИ да не ја жртвува иднината на Република Македонија во нашите перспективи за приклучување кон НАТО и кон ЕУ. - кажа Имер Семлани по средбата на партискиот врв на ДПА. Неговиот шеф Мендх Тачи се согласува да го симне пратеничкиот имунитет за да докаже дека владејачката партија на Албанците не беше иницијатор на вкрстените физички тупаници во македонскиот парламент.

Министерката за внатрешни работи од својата страна пак реагираше - Ги охрабрувам пратениците колку што е можно побрзо да ја завршат работата на анкетната комисија во моментот кога таа ќе се конституира, за да добиеме еден непристрасен и објективен став во однос на тоа што се случило. - реагираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа негираше дека полицијата ги штитела напаѓачите врз телевизискиот снимател на Алсат и новинарот на телвизија А1.

Поради таквите сомневања СДСМ побара нејзина оставка - Ја повикуваме од ова говорница, министерката Јанкуловска веднаш да си поднесе оставка затоа што неможе да се скрие дека не знаела за овој скандал - рече Емилијан Станковиќ портпарол на опозицијата.

Во јавноста сеуште се коментираат судирите меѓу полициските специјалци и дел од приврзаниците на ДУИ во чии автомобили беше пронајдено и илегално оружје. - Си дозволуваме оружјето кое го имавме во кризинтие региони сега да ни се приближува до центарот на Скопје и да го имаме и пред собранието. - забележа д-р Благоја Марковски од Форумот за балканска безбедност.