1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов напад врз Бундесверот во Авганистан

Патрола на германскиот Бундесвер во северен Авганистан вчера повторно беше нападната од страна на талибанците, но меѓу германските војници нема жртви.

default

Германски војник во Авганистан

Во бомбашкиот напад во близината на Кундус е оштетено возило од типот „Динго“. Бундесверот од пред неколку дена се вклучи во големата офанзива против талибанските бунтовници, што ја спроведуваат авганистанските безбедносни сили.

„Нашата задача е да ги поддржуваме авганистанските сили, односно да им го чуваме грбот на осумстотини војници и стотина полицајци“, изјави вчера за државната телевизија портпаролот на германските трупи во Авганистан, Карстен Шпиринг.

Marder Schützenpanzer in Afghanistan

Германски тенк од типот „Мардер“ во Авганистан

На почетокот на неделата претставници на Бундесверот соопштија дека ангажманот на германските војници опфаќа употреба на тешко оружје како и оклопни возила

Во секој случај, ова е досега најголемата воена операција во северниот дел на Авганистан, но, и покрај тоа германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг одби да ја опише како „војна“. Станува збор за акција за стабилизирање на безбедноста, не за војна, потенцира Јунг пред неколку дена во Берлин. Тој предупреди да не се презема терминологијата на талибанците, кои себеси се претставуваат како „војници“.

„Мораме да преземеме контрола врз безбедносната ситуација во оваа област, за да можеме да продолжиме со обновата. Но, ве убедувам дека обновата во регионот продолжува и сега“, изјави Јунг. Министерот додаде дека поради специфичноста на акцијата, засега не смее да открива детали за неа.

Автор:ТТ/СН/дв

Редактор: Симе Недевски