Нов напад во Авганистан врз странски војници | Вести | DW | 06.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нов напад во Авганистан врз странски војници

*

Атентатор самоубиец во авганистанскиот главен град Кабул изврши напад врз странски војници. Сеуште нема извештаи за загинати и повредени. Според соопштение на министерството за внатрешни работи во Кабул, војници на НАТО го имаат блокирано местото на кое што се случил нападот. Вчера, во напад на атентатор самоубиец врз конвој кај градот Кундус беа повредени тројца војници на германскиот Бундесвер и еден преведувач Авганистанец.