1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов масакр пред конференцијата за Сирија

Владините трупи во Сирија, според сириски опозиционери, извршиле нов масакр во близина на Дамск, на еден ден пред одржување на меѓународната конференција за Сирија .

Потврда од независни извори за веста дека е извршен нов масакр во близина на сирискиот главен град засега нема. Сириските опозиционери тврдат дека во масакрот што го извршиле владини сили се убиени 44 луѓе.

Утре во Женева министрите за надворешни работи на земјите со право на вето во ОН и претставници од регионот треба да разговараат околу можностите за запирање на крвопролевањето во Сирија. Во фокусот на конференцијата е новиот план на специјалниот пратеник за Сирија Кофи Анан кој превдидува

Kofi Annan PK in New York ARCHIVBILD

Кофи Анан е оптимист

формирање преодна влада, во која би учествувале и претставници на режимот на Асад и опозиционери. Се очекуваат тешки преговори, зашто интересите на учесниците на конференцијата се различни. Русија предлага прецизирање на планот на Анан и сака да даде согласност само за оние точки со кои не се бара заминување од власт на сирискиот претседател Башар ал-Асад, тврдат дипломати.

Анан лично е оптимист дека ќе биде постигната согласнот за документот, тврди неговиот портпарол Ахмад Фавзи. Под притисок на Вашингтон, на конференцијата нема да учествува Иран, кој важи за најблисок сојзуник на режимот на Асад.