1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов масакр во Сирија?

Неколку недели по масакрот во Ал Хула, милициите во Сирија кои се во служба на владата на Асад, според наводи на опозициони активисти, извршиле ново слично злосторство.

За бројот на жртвите во новиот масакр во селото Тремсе има различни информации. Опозиционите активисти зборуваат за околу сто жртви, додека очевидци тврдат дека има повеќе од 200. Се наведува дека има убиени луѓе со куршум в глава. Меѓу убиените имало и припадници на семејство од друго село, кое побегнало и побарало засолниште во Тремсе.

Водачот на бунтовниците во Сирија Абу Мохамед, повикувајќи се на изјави на жител на селото, тврди дека Тремсе бил гаѓан цели десет часа. Агенцијата АФП повикувајќи се на активист во Хама, јавува дека трупите на Асад гаѓале џамија во која прибежише нашле голем број луѓе. Џамијата се урнала и ги затрупала луѓето.

Massaker in Hula

Во масакрот во Хула пред неполни два месеца беа убиени 108 луѓе

„Околу 30 армиски возила дојдоа и го опколија селото целосно“, изјави Ибрахим, активист од Тремсе, додавајќи: „Оние што сакаа да избегаат преку полето беа застрелани“. По нападите со хеликоптери и тенкови, војниците на Асад влегле во селото со лесно оружје, следени од Шабиха-милиционерите кои биле „вооружени со ножеви“. „Убиени се цели семејства“, вели Ибрахим.

Сириската државна новинска агенција Сана пак, извести дека армијата се бори против група „терористи“ во градот Стат и дека им нанесла „тешки загуби“. Има информации и за тројца загинати војници. Информации од независни извори за борбите, како и за жртвите во Тремсе се‘ уште нема.

Организацијата за човекови права „Хјуман Рајтс Воч“, претходно ја обвини владата на Асад дека во борбата против бунтовниците користи распрскувачки бомби. Бомбите недвосмислено можат да се идентификуваат на една аматерска снимка на интернет, соопшти организацијата. Западните сили во меѓувреме се обидуваат да го зголемат притисокот врз Асад. Вчеравечер (12.07) Советот за безбедност дебатираше околу резолуција која предвидува економски санкции. Документот го предложија меѓу другите САД и Германија. Во него се исклучува употреба на воени средства.

Шансите ваквата предлог резолуција да мине во Советот за безбедност се слаби. Русија не сака да се согласи со резолуција која предвидува санкции. Преговорите продолжуваат во текот на денов.