1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов масакр во Сирија?

Поминаа само 14 дена откако светот беше шокиран од извршениот масакр во Сирија, а веќе стигнуваат извештаи за ново крвопролевање во земјата.

По извештаите за нов масакр врз сириските цивили, опозицискиот Национален совет побара засилување на воените акции против трупите на претседателот Башар ал Асад. Во барањето за директни воени акции, какво што ретко се слуша, опозициониот совет ги повика борците на Слободната сириска армија да ги засилат нападитеза да го намалт притисокот врз цивилите во провинциите Хама, Латакиа и Хомс.

Претходно бунтовниците јавија за нов масакр извршен од владините воени единици. Во селото Маасрат ал Кабир владините трупи убиле најмалку 78 лица, меѓу кои и деца. Некои од жртвите биле заклани, а најмалку дванаесет тела биле изгорени. Селото се наоѓа во провинцијата Хама, каде пред две недели беше веќе извршено масовно убиство на најмалку сто лица.

Сириската влада: „Злосторници и терористи“

Сириската државна телевизија јави пак дека одговорни за убиството на цивилите во Хама се „злосторници и терористи“. Злосторството според владата во Дамаск е извршено свесно пред седницата на Советот за безбедност на ОН и другите меѓународни средби посветени на состојбата во земјата, за да се зголеми притисокот врз Сирија.

Syrien Bürgerkrieg Trümmer in Hama

Хама е едно од упориштата на антивладините сили во Сирија

Слично реагираше и државната новинска агенција САНА. Таа извести за судир меѓу владините сили и т.н. терористи во погодениот регион. Во борбите, според агенцијата, биле убиени сите членови на терористичката група. Со тоа се мисли на борбите со опозицијата, зашто сириската влада вообичаено своите противници ги означува како „терористи“.

Советувањата во Истанбул без позначаен резултат

Вестите за новиот масакр во Сирија ја засенија најновата дипломатска иницијатива на меѓународната заедница. Во турската метропола Истанбул се одржуваат советувања на т.н. група „Пријатели на Сирија“. На средбата учествува и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон пак ја отфрли желбата на Русија во иднина во барањето дипломатско решение за сисрискиот конфликт да биде вклучен и Иран.