1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов круг мировни преговори меѓу Израел и Палестинците

Двете страни ги обновија преговорите кои беа во кус прекин по убиството на тројца Палестинци од страна на израелската армија на 20 август годинава.

Израел и палестинската автономна власт за време на викендот одржаа нов круг мировни преговори во Ерусалим, пренесува ДПА, повикувајќи се на израелско радио. На средбата во Ерусалим не бил постигнат никаков договор. Следниот круг од преговорите ќе биде одржан утре. Меѓусебните мировни преговори двете страни ги обновија кон крајот на јули по неколкугодишен прекин. Портпаролката на американскиот Стејт департмент Џенифер Псаки изјави дека на средбата присуствувал американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Мартин Индик. Претходната средба, што требаше да се одржи пред околу една недела, беше откажана од палестинската автономна власт откако израелски војници убија тројца Палестинци во операција во бегалскиот камп Каландија, во близина на Ерусалим, на 20 август.

Целта на преговорите е во период од девет месеци да биде постигнато мировно решение, што ќе предвидува создавање на независна палестинска држава.