1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов крвав напад во Дамаск и голем број жртви

Во тежок бомбашки напад пред зградата на владејачката Баат партија во главниот град на Сирија загинаа повеќе од 30 луѓе. Експлозивни направи беа детонирани и пред други безбедносни институции во Дамаск.

Државаната телевизија покажа снимки од мртви тела облеани со крв на главната улица и голем број изгорени возила. Според податоци на полицијата и Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон автомобил - бомбата детонирала во близина на владејачката Баат партија на властодржецот Башар ал Асад. Убиени се најмалку 31 лице. Опозицијата информира дека загинале дури 40 луѓе, а 70 биле повредени. Меѓу жртвите имало и деца. Во близина на местото на нападот се наоѓа училиште.

Оштетена руската амбасада

Anschläge in Syrien Damaskus am 21. Feburar 2013

Тежок напад во Дамаск

Државните сириски медиуми известија дека станува збор за самоубиствен напад и одговорноста за нападот им ја префрлија на бунтовниците. Според очевидци детонацијата во населбата Масраа била толку силна, што биле оштетени и автомобили на оддалеченост од 300 метри.

Во околните згради, меѓу нив и руската амбасада, се скршени голем број прозорци. Русија се вбројува меѓу малкуте земји кои ги оддржаа дипломатските врски и покрај граѓанската војна во Сирија.

Истовремено во Дамаск експолодираа уште две други автомобил бомби покрај објекти на силите за безбедност и тајната служба во населбата Бирса.

Изминатите недели бунтовниците ги засилија нападите врз владините трупи во Дамаск. Притоа од борбите беа зафатени и населби кои досега во голема мерка беа поштедени од граѓанската војна.