1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нов компромисен предлог за името?

Посредникот во грчко - македонскиот спор околу името, Метју Нимиц, се очекува во Скопје и во Атина во наредните десет дена, а кон средината на јуни веројатно ќе достави нов компромисен предлог

default

Димитров, Василакис и Нимиц, што ќе донесат новите преговори

Во Македонија се испратени нови пораки од Вашингтон, Брисел и од Њујорк по средбата на медијаторот во грчко македонскиот спор околу името, Метју Нимиц. Тој ќе дојде повторно во Скопје и во Атина по неговите денешни средби со грчкиот преговарач во спорот Василакис. Не е исклучено по 15 јуни и забрзано конституирање на Парламентот и владата, Нимиц да дојде до нов предлог за компромисно име, како услов до 9 јули да се фати приклучок со Албанија и Хрватска за прием во НАТО. Додека дипломатските канали засега не објавуваат информации, македонското јавно мислење е под влијание на предизборната кампања.

Меѓу македонските експерти ианку се повеќе се пласираат мислења дека и без прием во НАТО, за Македонија не постојат безбедносни ризици. Во Македонија постои и сомнеж дали е Грција искрена во намерите да се постигне компромис околу името.