1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нов извештај на Марти за активностите на ЦИА во Европа

*

Советот на Европа и’ префрли на Германија дека ја попречувала истрагата во врска со тајните летови и превоз на лица осомничени за терор, што ги организирала американската разузнавачка служба ЦИА во Европа. Портпатрол на германската влада категорично ги отфрли тврдењата на специјалниот иследник на Советот Дик Марти. Иследникот од Швајцарија вели дека имало доволно докази дека во Полска и Романија помеѓу 2003-та и 2005-та година имало тајни затвори на ЦИА со знаење и одобрување од претседателите на тие земји. Американскиот Стејт департмент одби коментар за тоа, но искажа очекување да продолжи соработката на државите од ЕУ со САД во борбата против тероризмот, независно од тврдењата во извештајот на Марти.

Во својот најнов извештај Марти ги обвини и македонските власти дека не ја кажувале вистината во случајот со затворањето на Германецот од либанско потекло Калед ел Масри на српско-македонската граница, по што тој бил преземен од ЦИА и однесен на повеќемесечно сослушување и тортура во Авганистан.