1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нов земјотрес во Пацифик

Два дена по цунами на Соломонските острови,регионот повторно го потресе земјотрес со сила од 6,2 степени,соопшти Американскиот институт за геологија.Нема податоци за штети.

Во меѓувреме,пратките со помош за жртвите на поплавите бавно стигнуваат.Многу преживеани на погодените Соломонски острови се соочуваат со недостиг од прехранбени продукти и вода за пиење.Властите потврдија дека досега се регистрирани 28 загинати,но бројката може да се зголеми.Повеќе од 5 илјади жители се без покрив на главата.