1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нов земјотрес во Пакистан

Регионот Араван во Пакистан повторно е погоден од земјотрес со над десет жртви. Земјотресот во вторникот предизвика пустошења, многу од жртвите сѐ уште чекаат на помош.

Најмалку 12 лица загинаа во денешниот земјотрес со интензитет од 6,8 степени по Рихтер што го погоди југозападен Пакистан, а седум се повредени, како што јавија локалните власти. Југозападен Пакистан, што на почетокот на неделата беше опустошен од силен земјотрес, денеска повторно беше разнишан од силен потрес, не се работи за дополнителен потрес на земјата, туку за нов независен земјотрес, изјави Захид Рави, директор на пакистанската сезимолошка служба.

Епицентарот на потресот во провинцијата Белуџистан бил на 36 километри длабочина. Стотици куќи од непечени тули во провинцијата се разурнати, оштетени се телефонски линии во регионот на градот Машки, што се наоѓа најблиску до епицентарот. Потресот бил почуствуван дури во Карачи, мегаполисот во јужен Пакистан, и во градот Квета, престолнината на Белуџистан. И двата града се наоѓаат на неколку стотици километри од епицентарот. Абдул Малик, првиот човек на провинцијата, истакна дека новиот потрес уништил се‘ што останало по претходниот земјотрес.

Пакистанската провинција Белуџистан беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,7 степени во Рихтер на 24 септември при што загинаа над 500 лица.