1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нов Зеланд и Ангола - противници по желба

Селекциите на Нов Зеланд и Ангола ќе бидат противниците на кошаркарската репрезентација на Македонија, во првата фаза од квалификациите за Олимписките игри во Лондон, што ќе се играат во Венецуела.

default

Добра ждрепка за Македонија, гласат првите коментари

Во синоќешната ждрепка одржана во Каракас, Венецуела, каде од 2 до 8 јули ќе се одржи предолимпискиот квалификациски турнир, македонските кошаркари за противници во групата Д ги добија репрезентациите на Нов Зеланд и Ангола.

Новиот селектор на кошаркарската репрезентација Марјан Лазовски оптимистички го дочека исходот од ждрепката:

„Извлекувањето во Каракас помина до некаде како што посакував. Сметам дека Порторико е најквалитетна репрезентација од тие што беа во вториот шешир и добро е што ги избегнавме. Нов Зеланд го познаваме, игравме со нив и на подготовките за ЕП во Скопје, а од последниот шешир, желбата ми беше или Ангола или Кореја, така што на крајот мислам дека добивме добри противници. Не се којзнае колку атрактивни, но ќе потенцирам дека не се ни воопшто наивни“, истакнува Лазовски.

Да се продолжи успехот на оваа генерација

Првиот натпревар Македонија го игра на 3 јули против Нов Зеланд, а ден подоцна е дуелот со Ангола. Евентуално освојување на едно од првите две места води во четвртфиналето, каде Македонија би играла со една од двете првопласирани селекции во групата „Ц“. Пласман на турнирот во Лондон обезбедуваат најдобропласираните три екипи на предолимпискиот турнир во Венецуела.

Logo Olympische Sommerspiele in London 2012

Кој ќе оди во Лондон?

Лазовски вели дека со квалитетни подготовки како што се планираат и најважно - со добро здравје на сите играчи, може да се направи чекор понапред.

„Имаме време да се запознаеме подобро со сите противници, но уште подобро ќе биде кога ќе можеме да ги согледаме на лице место, во Каракас. Едно е сигурно - нема да потцениме никого. Важно ќе биде да почнеме добро, со победа, а потоа одиме од натпревар во натпревар. Со полн состав и добри подготовки и квалитетот кој го поседуваме, верувам дека можеме да го продолжиме успехот на оваа генерација“, изјави Марјан Лазовски.

Квалификации за ОИ – Лондон 2012:

Група „А“: Грција, Порторико и Јордан

Група „Б“: Литванија, Венецуела и Нигерија

Група „Ц“: Русија, Доминиканска Република и Јужна Кореја

Група „Д“: Македонија, Нов Зеланд и Ангола

Досега пласман на Олимпијадата во Лондон обезбедија: Велика Британија, САД, Аргентина, Бразил, Шпанија, Франција, Тунис, Кина и Австралија.

Автор:СН/ЕМФ/миа/мф

Редактор: Е. М. Фиданоска